• Black Instagram Icon

broker.com.mk © 2018 - 2020 | Сите права задржани.

Search
  • Роберт Османовиќ

Што е отворен инвестициски фонд?


Отворен инвестициски фонд преставуваа здружени средства за инвестирање. Отворениот инвестициски фонд се основа со цел прибирање парични средства преку јавна понуда, односно издавање на удели во фондот, чии средства се вложуваат во различни финансиски инструменти (акции, обврзници, депозити и други финансиски инструменти) во согласност со определени принципи на сигурност, профитабилност, ликвидност и диверзификација на ризикот. Со инвестицискиот фонд управува Друштво за управување со инвестициски фондови врз основа на статутот, проспектот и законската регулатива. Инвестицискиот фонд на своите инвеститори, односно сопственици на удели, им дава можност за инвестирање на своите средства на пазари на кои секој поединечно не би можел да инвестира, како и користење на знаењето и техниките на Друштвото за управување. Формирањето и отпочнувањето со работа на фондот го одобрува Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Но притоа, многу е важно да се напомене дека преку соодветните механизми кои се на располагање се врши надзор, контрола и заштита на вложувачите. Во зависност од степенот на ризик што инвеститорите се подготвени да го прифатат, може да се избере типот на фондот што ним најмногу им одговара. Постојат неколку основни видови отворени инвестициски фондови, во зависност од инструментите во кои вложуваат, и тоа: парични фондови,обврзнички фондови, балансирани фондови и акциски фондови.


Инвестициските фондови се многу атрактивни за вложување и поради фактот што преку нив можат да се остварат поголеми добивки, отколку преку класичното вложување на средствата во банки и штедилници. Вложувањето средства во инвестициските фондови овозможува и распределување на ризикот кај овие средства, пред сé, поради професионалното управување и водењето на портфолиото, главно, преку следење на основните принципи и начела профитабилност, сигурност и ликвидност.

20 views