• Black Instagram Icon

broker.com.mk © 2018 - 2020 | Сите права задржани.

Search
  • Роберт Османовиќ

Работа во продажба, идеален начин за градење на кариера или дополнителен приход

Продавачите се движечка сила односно моторот на една компанија. Kолку една компанија има пообучени продавачи, толку може да се надева на сѐ поголем профит. Најдобрите продавачи носат огромнен бенефит за компаниите и одлично заработуваат. Платата на продавачот секогаш е повеќекратно поголема од просекот на компанијата. Во бизнисот, ништо не се случува сѐ додека не се случи продажбата. При анализирање на вештините на најбогатите деловни мажи и жени, како што се Лоренс Елисон од Оракл, Ингвар Кампрад од Икеа или Карли Фиорина од Хјулит Пакард, се покажа дека секој од нив има исклучителна способност за презентирање, убедување, преговарање, заклучување на големи договори итн. Тоа не е чудно. Бројни статистички истражувања спроведени во Америка откриваат дека меѓу милионерите кои направиле свое богатство, најмногу се оние кои или имаат започнато свој бизнис или се занимаваат со продажба. Да бидеме реални, повеќето луѓе не се талентирани за продажба. За среќа, ова е вештина која може да се научи. Kај нас, најчестиот начин да заработите дополнителни пари е преку некаков вид продажба.


Кои се бенефитите доколку ја совладате вештината за продажба?




Ќе ве научи да ги „прескокнете“ сите препреки

Продажбата ќе ве научи каква е реалната состојба на пазарот и како да се справите со

предизвиците и околностите. Работата во продажба ќе ве држи скоро постојано надвор од зоната на комфорот и ќе ви покаже колку многу напор и упорност е потребно за да добиете резултати.


Ќе ве научи за важноста на позитивниот став

Всушност работата како продавачот ќе ви изгради цврст карактер, бидејќи ќе научите да се справите со недоразбирање и одбивање, додека позитивниот став ќе ви помогне да останете во живот.


Тоа ќе ја изгради вашата самодоверба

Подобро ќе ги разберете вашите јаки и слаби страни на кои можете да работите за да бидете уште поконкурентни на пазарот на трудот. Додека напредувате, ќе откриете дека сте подготвени да ги извршувате задачите и покрај стресот и непријатноста, а ова дополнително ќе ја изгради вашата самодоверба.


Клучното прашања за крај е каде ќе може да работите ?

СЕКАДЕ,тоа преставува деловна вештина која гарантира висока заработувачка. Претприемачите и извршните директори го разбираат фактот дека способноста за продажба е првиот и најважниот фактор во успехот на секоја деловна активност .Затоа, како врвен продавач и менаџер на продажба, ќе поседувате вештини поради кои секоја фирма ќе посакува да ве има во своите редови. Можете многу да научите доколку работите во сферата на било каква продажба, затоа што побарувачката за такви кадри на пазарот на трудот е се поголема. Никогаш не е доцна да се почне да се учи нова вештина. Искористете ја оваа вештина да се профилирате на пазарот на

трудот или пак да заработите дополнителен приход.

631 views