• Black Instagram Icon

broker.com.mk © 2018 - 2020 | Сите права задржани.

Search
  • Роберт Османовиќ

Продажна кариера во индустријата со финансии и финансиски услуги

Постојат многу причини зошто луѓето избираат продажна кариера. За некои, нивниот избор вклучува избор на голема или мала компанија. Други одлучуваат која индустрија најдобро ќе ги исполни нивните потреби и цели. Tретите пак, се во продажба затоа што немаат друг избор и учат да ја сакаат слободата и приходите што ги има кариерата во продажба. Да им помогнете на луѓето да управуваат и да ги инвестираат своите пари е работа на финансиските советници. Додека оние во индустријата за финансиски услуги може да имаат дипломи и сертификати на високо ниво, без вештини за продажба, целото образование и обука не е ништо друго освен валиден декор.






Финансиски консултанти или финансиски советници работат за финансиски институции или како самовработени професионалци кои им помагаат на клиентите да управуваат со финансиите. Консултантите се среќаваат лично со клиенти за да ја проценат нивната финансиска состојба и да им го претстават финансискиот план кои вклучува краткорочни и долгорочни финансиски цели, временските рокови на инвестициите и толеранција на ризикот. Потоа, тие препорачуваат финансиски услуги и производи за да ги задоволат потребите на клиентот. Консултантите им помагаат на клиентите во одлуките за финансиско планирање за пензија, образование, дневни трошоци и инвестиции. Ова може да вклучуваа полиси за осигурување, кредитни картички, кредити, инвестициски фондови акции и итн. Тие редовно се среќаваат со клиентите за да проценат како животните промени - како што се бракот, промената на работното место или раѓањето на детето, ќе влијаат врз финансискиот план на клиентот.


Независни претставници за продажба се професионалци за продажба кои продаваат производи или услуги на производител, но не се сметаат за вработени во компанијата или компании за кои продаваат. На овие професионалци никој не им е “виновен” за нивнитот успех или неуспех. Тоа се финансиски советници кои се потпираат само на себе, на нивната страст и нивната способност да ја затворат продажбата. Тие се исклучително силни со своите вештини за управување со времето и за вмрежување. Работата во продажба на финансиски услуги е прилично динамична. Потребна е самомотивираност, самоиницијативност, фокусираност и подготвеност за подолга работа. Да бидете дел од оваа индустрија која зема се поголем замав е вистински предизвик.


Оваа кариер е една од најтешките за успех, но затоа е најбарана по само неколку години. Вистински награди им се даваат на оние кои остануваат на нивните кариери две или повеќе години и се подготвени да работат долги часови и да се соочат со ”малите” месеци, сѐ додека не започнат да уживаат. На самиот крај, никогаш не се знае - можеби оваа индустија ќе го извади најдоброто од вас, и токму вие успешно ќе зачекорите на пазарот со финасии и финансиски услуги.

36 views