• Black Instagram Icon

broker.com.mk © 2018 - 2020 | Сите права задржани.

Search
  • Роберт Османовиќ

Кој го носи престижното признание blue chips (сини чипови)?


Blue chips е синоним за добро организирана и финансиски стабилна компанија. Компаниите кои го имаат овој статус произведуваат и/или продаваат висококвалитетни производи и услуги. Наведените компании се познати со голема стабилност и кредибилен раст,дури и во времиња на економски кризи.Компаниите кои ние ги нарекуваме сини чипови се компании кои што долг низ на години успешно работат како што се Nestle, Mercedes, Disney, Microsoft, Bayer, Apple… односно се лидери во своите индустрии. Статусот Blue chip компании го стекнале благодарение на фактот дека преживеале повеке светски економски кризи. Сите сериозни инвеститори во своето портфолио имаа во сопственост акции во некои од наведениве компании. Вложувањето во наведениве акции подразбира очувување на вложениот капитал, но и редовен принос од исплата на дивиденди.


Берзански аналитичари и инвеститори внимателно го следат движењето на Blue chips индексот. Имено, Blue chips индексот е берзански индекс кои го следи движењето на вредноста на акциите со Blue chips карактеристики. Инвеститорите со анализа на индексот ја следат состојбата во целокупната економија.Вредноста на индексот константно се менува додека берзата работи и го прикажува трендот на движењето на целокупниот пазар. Ако индексот е во пад, паѓаат и поголем дел од акциите кои го опфакаат индексот и обратно. Инвеститорите кои не сакаат премногу да ризикуваат го креираат своето портфолио со купување на акции кои се во составот на овој индексот. Во САД најпопуларен е Dow Jones Industrial Average (DIJA). Наведениов индекс се состои од 30 најголеми компании во САД со кои се тргува на берза.Додека еден од најпознатите Blue chips индекси на европската берза е DАX indeks кое го следи движењето на 30 Blue chips компании на Франкурската берза.


На македонскиот пазар постојат отворени инвестициски фондови кои доминантно вложуваат на овие пазари односно во blue chip компании. Вооедно, тоа преставува одлична можност за македонските граѓани да бидат инвеститори и да профитираат од глобалниот раст и развој на светската економија. Тоа можат да го направат преку купување на удели во отворени инвестициски фондови.

10 views