• Black Instagram Icon

broker.com.mk © 2018 - 2020 | Сите права задржани.

Search
  • Роберт Османовиќ

Кој е најдобриот начин за штедење на вашите пари?


Штедењето е мудар и одговорен потег. Со штедењето вложуваме во иднината и ја обезбедуваме финансиската слобода за себе и своето семејство. Ако нешто е сигурно во животот, тогаш тоа се непредвидливите ситуации. Порано или подоцна, ќе бидат потребни финансиски средства и тоа е неспорен факт, дали тоа е за реновирање на домот, школување за децата, автомобил итн. Тогаш се јавуват две опции на располагање, а секој си ја одбира онаа што најмногу му одговара.


Првата опција е: Да се подигне кредит и да се плаќаат високи камати.


Втората опција e: Штедење однапред, односно акумулирани средства од претходно штедење.


Се поставува прашањето кои се начините за штедење?


Класично штедење односно штедење во банка. Некогаш многу полуларен облик на штедење, денес - далеку од тоа. Каматнитне стапки се веќе со години на рекордно ниско ниво, толку ниски што не ја покриваат ниту инфлацијата. Се штеди, а всушност парите губат вредност.


Трет столб: Дополнително одвојување за пензија односно наменско штедење за пензија, средствата не може да се управуваат со целиот износ одеднаш туку само во месечни износи дури по законски стекнати услови.


Инвестициски фондови: Одличен начин на оплодување на капиталот со повисок принос, но и повисок степен на ризик. На среден и подолг временски период, секако покажуваат доста солидни резултати.


Животно осигурување: Можно е да се бира висина на рата, премија како и временска рамка на осигурување. По истекот на договореното осигурување се располага со целата сума додека за цело време на договорот вашите блиски се финансиски заштитени. Тоа е огромната предност на животното осигурување.

Затоа, што порано се почне со штедењето тоа е подобро, без оглед на месечниот износ. Финансиските експерти препорачуваат дека треба да се почне да се штеди редовно и тоа од првата плата. Штедењето да биде наменско односно за некоја долгорочна цел. Како што претходно напоменав има повеќе начини како би можело сето тоа да се направи. Еден од начините е тоа да се направи е преку полиса за животно осигурување. Кај нас, но и во земјите од регионот, животното осигурување сеуште не го достигнало тоа ниво на важност кај поединецот. Сепак, тенденцијата на раст на вкупните премии за животно осигурување е показател кој говори во прилог на зголемувањето на интерес за овој вид на осигурување. Свесноста на граѓаните за значењето на осигурување на живот, кај нас и земјите во регионот има растечки тренд, но тоа сепак сеуште е на многу ниско ниво. Таков вид на полиси се наменети за луѓе кои размислуваат долгорочно и за луѓе кои својата иднина и иднината на своето семејство не ја препуштаат на случајност. Полисата не е наменета за луѓе кои мислат од денес за утре и за луѓе кои “исклучиво” штедат за одмори телефони, веселби и др.

На крајот, секој од нас одлучува дали да превземе нешто или не, одлучува кои начин на штедење му одговара и/или дали му одговара.

35 views1 comment