• Black Instagram Icon

broker.com.mk © 2018 - 2020 | Сите права задржани.

Search
  • Роберт Османовиќ

Историја на инвестициските фондови


Основната мотивација на секој инвеститор е своите заштедени средства да ги инвестира или вложи во определена компанија, банка, осигурително друштво или друга институција за да обезбеди принос од вложувањата. Односно, секој инвеститор ги вложува своите финансиски средства и се надева дека тие ќе се зголемат. Инвестициските фондови ги вложуваат средствата со цел да ги оплодат. Така, на пример, во САД каде што инвестициските фондови се најразвиени, во период од 75 години наназад, тие веќе 59 години покажуваат позитивни финансиски резултати, а 16 години негативни. Долгорочно гледано, просечниот принос, што годишно го обезбедиле за своите инвеститори е 12,55%.Тоа преставува просек за сите фондови, што значи дека некои од нив обезбедиле поголем принос, а некои помал. Во САД во извесна форма инвестициските фондови се појавуваат во 19 век, каде што до 1923 година имало само 15 компании, а додека Велика Британија го бележи истиот број на компании во периодот од 1870-1875 година. До големата криза во 1929 година имало дури 4007. Во 2015 година во САД инвестициските компании управувале со актива од 18,1 трилиони долари, што претставувало зголемување за околу 5 трилиони долари во однос на 2010 година. Бројот на инвестициски фондови во САД, на крајот од 2015 година изнесувал 16860, што е за 800 инвестициски фондови повеќе во однос на 2010 година овој број е во континуиран пораст и во 2016/17 година.Вкупниот број инвестициски компании во САД значително се зголемува од година - во година.


Инвестициските фондови во Република Македонија се релативно нови финансиски институции за коишто законските можности за основање беа донесени во 2000 година, а првиот инвестициски фонд беше основан во 2007 година. Овој тип фондови сѐ уште претставуваат непознати финансиски институции за поголемиот дел од населението, што е резултат и за нивната позиционираност на пазарот на капитал. Во Република Македонија учесници на пазарот на капитал се: банките, штедилниците, осигурителните компании, лизинг друштвата, пензиските и инвестициските фондови. Инвестициските фондови во Р.Македонија дефинитивно претставуваат незначителни учесници, затоа што активата со којашто управуваат е многу мала во вкупниот финансиски сектор Тоа се должи пред се на неинформираноста на македонското население за овој тип на вложување и недоволната финансиска едукација.

2 views